Почетна Вести

Американските војници ќе ја имаат моќта на Ајрон Мен?

Првиот прототип на високо-технолошки оклоп кој на војниците би требало да им овозможи натчовечки способности, ќе биде тестиран ова лето, велат експертите од американската Команда за воени истражувања, развој и инженеринг (RDECOM).

Тие во соработка со Технолошкиот институт во Масачусетс работат на „костим“ кој потсетува на оној на Ајрон Мен, еден од суперхероите во стриповите.

Оклопот би требало да обезбеди заштита од куршуми и опремен е со разни сензори и камери.

Носи назив TALOS, а американската војска се надева дека ќе биде оперативен до август 2018 година.

„Овој костим, ако е исправно направен, ќе донесе револуционерни можности за специјалните операции“, вели адмиралот во морнарицата, Вилијам Мекрејвен, началник на американската Команда за специјални операции.

Костимот ќе има камери, сензори кои детектираат повреди, посебна пена за рани и непробоен штит.

Освен тоа, TALOS би требало да вклучува и екрани на кацигите кои даваат информации за опкружувањето на војникот.