Почетна Струмица Њуз

Струмичани се подбиваа со Груевски: Оваа влада не чини (ФОТО)

Со транспарент „Оваа влада не чини“ и комбе на кое пишуваше „Секташи“, демонстрантите во Струмица денеска се исмејуваа со мегаинтервјуто за Телеграф на поранешниот премиер Никола Груевски.

Во центарот на градот демонстрантите скокаа врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

[juicebox gallery_id=”480″]

Груевски во интервјуто за Телеграф.мк вели дека активисти од невладини организации оделе на секташки обуки финасирани од Сорос.

„Тренинзите најчесто ги вршат највидните лица на организациите на Сорос и од она што сум го слушал, често пати има крајно секташко однесување и предавања, обиди за врбување млади и перспективни луѓе и вршење индоктринација кон нив, а притоа давајќи им пари и многу бесплатни патувања, кој е и главниот мотив да доаѓаат на тие предавања и обиди за перење на мозокот. Оние што по некое време нема да им ја прифатат играта, кои нема да подлегнат на индоктринацијата, се информираат веќе да не доаѓаат, за парите да продолжат да ги инвестираат во други, од кои ќе имаат ефект“, раскажува Груевски.