Почетна Вести

Видео: Најчевска фрли боја врз „Беко“ и не влезе на распит, Пировска не го потпиша налогот

Професорката Мирјана Најчевска не се појави на информативен разговор, таа само фрли боја врз зградата на полициската станица „Беко“.

„Немам намера да платам, немам намера да служам било каков општо корисен труд, можеби ќе ме аболицира претседателот на државата“, рече Најчевска.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, го признала делото, но не го потпишала платниот налог со казна од 50 евра.

Најчевска и Пировска се казнети со по 50 евра или општо корисна работа поради прекршок сторен за време на протестите од Шарената револуција.

Според Пировска, учеството и фрлањето боја за време на протести е легитимно право на граѓаните за изразување револт.

Рано утринава демонстрантите од Шарена револуција се собраа пред полициската станица со транспаренти „Бојам, значи постојам“.