Почетна Струмица Њуз

Протест на струмичките земјоделци поради ниската цена на доматот

Со 200 трактори низ улиците и блокирање на главната крстосница во Струмица, земјоделците денеска го искажаа својот револт од ниските откупни цени на доматот, кој во моментот се откупува по 15 денари од килограм.

„Ваква цена во овој период, во последните десет години е незабележана“, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Замјоделците објаснуваат дека нивното трпение е при крај и доколку во текот на наредните денови надлежното минситерство остане глуво на нивните барања за средби, протестите ќе ги радикализираат. Велат дека десет години преговараат со актуелната власт, но без никаков ефект, затоа што според нив, состојбата во земјоделството е се полоша.