Почетна Струмица Њуз

Струмичани и вечерва масовно протестираа (ФОТО)

Итно повлекување на одлуката за аболиција и оставка на актуелната влада, порачаа на денешниот протест демонстрантите.

Поради последните случувања во државата, како одложените избори, враќањето на сила на влада составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и притворањето на активисти, на протестот беа истакнати и ревидираните барања на Шарената револуција:

1.Итно и целосно поништување на одлуката за аболиција, а потоа итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од финкцијата претседател на Република Македонија;

2.Оставка од актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада со конкретен мандат и обврски;

3.Итно ослободување од притвор на приведените демонстранти кои се вклучија во протестите на Шарената револуција.

Пред демонстрантите се обратија Ленче Христова, граѓански активист и Сашо Поцков, пратеник од редовите на СДСМ.

[juicebox gallery_id=”476″]