Почетна Вести

Нови цени на бензините

Бензините од денеска поевтинија за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се со непроменети цени.

Еуросупер бс-95 се продава по цена од 62 денари за литар, а еуросупер бс-98 по цена од 64 ден/лит.

Цената на дизелот останува иста и изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство е 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и од денеска се продава по цена од 19,464 ден/кг.

Од регулаторната комисија за Енергетика соопштуваат дека новите цени на горивата се во согласност со повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар.