Почетна Струмица Њуз

Спречен инцидент на птротестите во Струмица

Полицијата во Струмица спречи инцидент меѓу граѓаните кои протестираа и лицето од полицијата кој што го снима секој протест. Инцидентот се случи кога токму службеното лице од полицијата ги снимаше и граѓаните кои од своите прозорци и дворови ги поздравуваа демонстрантите.

Незадоволни од ваквиот потег демонстрантите се стрчаа кон него но полицијата не дозволи да дојде до поголем инцидент. Инаку и денеска струмичани излегоа во голем број искажувајќи го својот револт кон режимот на Груевски.