Почетна Струмица Њуз

Иванов ги предводеше протестите во Струмица (Фото)

Голем број граѓани кои денеска излегоа на протестот во Струмица маршираа низ улиците на градот и ги повторија веќе познатите барања: оставка од претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на аболицијата, како и одложување на изборите закажани за 5 јуни. Но струмичани беа денеска изненадени токму од Иванов, кој вечерва се приклучи на протестот и беше предводник на истиот.

 

Демонстрантите протестираа и против, како што велат, режимската бруталност нарачана од криминалци на 6 јуни 2011 кога настрада младиот Мартин Нешковски и против полициската бруталност употребена за за време на ланскиот протест на 5 мај пред Владата, веднаш по објавувањето на бомбата од страна на опозицијата за прикривање на убиството на Мартин.

„Бараме полицијата да ни служи на граѓаните, а не на криминалците! Оставка за криминалците! Нема правда, нема мир!“, ечеше низ струмичките улици.

Пред да започне протестот струмичани ја искористија приликата да се фотографираат со Иванов.